Македонија меѓу најниско задолжените во светот

Bez autora
Sep 30 2012

Македонија, според глобалниот часовник на долг на Економистт, се вбројува во групата на земји кои се наоѓаат во зелената зона, односно земји со релативно ниска задолженост. Хрватска има најголем апсолутен износ на јавен долг во регионот - 27 милијарди евра, додека Србија е најзадолжената земја во регионот бидејќи нејзиниот долг изнесува 51,1% од БДП. Долгот на Црна Гора е 48,1% од БДП, на Словенија изнесува 47,4%, на Хрватска 43,9%, на Босна и Херцеговина е 34%, додека Македонија е најмалку задолжена земја во регионот со износ од 32,7% од БДП. Според апсолутните износи на јавниот долг по Хрватска следи Словенија со 16,8 милијарди евра, Србија со 14,6 милијарди, БиХ со 6,3 милијарди, Македонија со 2,2 милијарди и Црна Гора со 1,64 милијарди евра јавен долг. Со оглед на тоа дека во Македонија се проценува дека има 2.059.794 жители, тоа значи дека секој граѓанин на државава во моментов е задолжен со по 1.070 евра. Нашава земја е во друштво со Бугарија чиј јавен долг е скоро осум милијарди долари, но просечната задолженост по глава жител е 1.095 долари.

Македонија меѓу најниско задолжените во светотМакедонија, според глобалниот часовник на долг на Економистт, се вбројува во групата на земји кои се наоѓаат во зелената зона, односно земји со релативно ниска задолженост.

Хрватска има најголем апсолутен износ на јавен долг во регионот - 27 милијарди евра, додека Србија е најзадолжената земја во регионот бидејќи нејзиниот долг изнесува 51,1% од БДП. Долгот на Црна Гора е 48,1% од БДП, на Словенија изнесува 47,4%, на Хрватска 43,9%, на Босна и Херцеговина е 34%, додека Македонија е најмалку задолжена земја во регионот со износ од 32,7% од БДП.

Според апсолутните износи на јавниот долг по Хрватска следи Словенија со 16,8 милијарди евра, Србија со 14,6 милијарди, БиХ со 6,3 милијарди, Македонија со 2,2 милијарди и Црна Гора со 1,64 милијарди евра јавен долг. Со оглед на тоа дека во Македонија се проценува дека има 2.059.794 жители, тоа значи дека секој граѓанин на државава во моментов е задолжен со по 1.070 евра. Нашава земја е во друштво со Бугарија чиј јавен долг е скоро осум милијарди долари, но просечната задолженост по глава жител е 1.095 долари. Нашиот западен сосед, Албанија, според истите параметри, има долг од 8.022.950.820 долари или во просек еден Албанец носи товарр тежок 2.518 долари.

Анализата на Анадолија" дека сме најмалку задолжена земја во регионот претходно во своите извештаи ја забележаа кредитните агенции Фич" и Стандард и Пурс". Нискиот државен долг на Македонија го евидентираа и Светска Банка и ММФ, а вчера го потврди и Економист", односно сите релевантни финансиски институции ги потврдија стабилните економски политики на Владата во овие тешки општи економски услови секаде во Европа.

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, одговарајќи на пратеничко прашање од собраниската говорница изјави дека Македонија има простор да се задолжува и дека средствата што ММФ и Светска банка и ги даваат на земјава не се од алтруистички причини.

- И ММФ и Светска банка ја скенираат Македонија како што ја скенираат секоја друга држава. Тие оцениле дека Владата води сериозни економски политики и државата има ниско ниво на задолженост, ниски нивоа на буџетски дефицит и ги задоволува сите нивни барања и параметри за да доделат толку средства - потенцира Ставрески.

Тој потсети дека даноците во Македонија останаа непроменети и додаде оти кратат секаде каде што можат во буџетот и прават се што можат за да не го оптоварат дополнително стопанството и граѓаните.

И Премиерот Никола Груевски деновиве истакна дека во Македонија не се затвори ниту една банка и граѓаните не се доведоа во ситуација да изгубат пари и слично, не се зголемија даноци, туку напротив се намалија.

- Не се дозволи отпуштање на луѓе од администрацијата, некое масовно отпуштање ниту пак намалување на платите во администрацијата. Не се дозволи намалување на субвенциите на земјоделците или намалување на пензии како што во многу земји има, или намалување на социјалната помош, работи што ни ги сугерираше нашата опозиција. Ниту пак дозволивме да дојде до други видови на потешки шокови во економијата. Нормално страдаше извозот затоа што се намалија нарачките, страдаа странските инвестиции затоа што генерално се намали инвестициониот циклус, но успеавме многу работи да ги ублажиме. Во тој правец најдовме начин и за зголемување на пензиите на пензионерите од март следната година и за социјалната помош - рече Груевски.

Инаку, повеќе земји-членки на евро-зоната, вклучително и Германија, имаат јавен долг кој е многу поголем од нивото на дозволените критериуми на ЕУ или 60% од БДП. Најголем јавен долг има Грција од 144,9% од БДП, а потоа следат Италија со 118,4%, Белгија со 96,2%, Ирска со 94,9%, додека во Германија изнесува 80% од БДП.

Меѓу најразвиените земји во светот, Јапонија има исклучително висок јавен долг кој изнесува приближно 235% од БДП, но тој е, како се наведува, во најголем дел внатрешен долг. Огромен јавен долг бележат и САД со неверојатни 12 билиони долари.

- Јавниот долг на САД надминува 75% од БДП-то на таа земја, така што секој Американец во просек е должен со над 40.000 долари - наведува Анадолија".

Според францускиот Национален институт за статистика, јавниот долг на Франција изнесува 91% од БДП достигнувајќи сума од 1.832,6 милијарди евра. Зголемувањето на долгот се должи на задолжувањето на државата за 51,3 милијарди евра и истовремено намалување на долгот на администрацијата и социјалното осигурување за 8,2 милијарди евра.

Проблемот со високиот јавен долг до сега најмалку влијаеше на државите со растечки економии кои што имаат големи трговски суфицити. Така, Народна Република Кина и Русија кои што во долгорочна перспектива трупаат огромни надворешно-трговски вишоци и имаат големи државни резерви, речиси и да немаат проблеми со јавните долгови. Според последните податоци, Русија има јавен долг од околу 13% од БДП, а секој жител на оваа земја со просек должи нешто над 1.250 долари. Јавниот долг на НР Кина е 19% од нејзиниот БДП. Турскиот јавен долг лани изнесуваше 39,8% од БДП. Според последните економски показатели. Турција е подготвена да го исплати својот надворешен долг до крајот на април 2013 година.

Д&Б: Македонија земја со умерен ризик

Бонитетната куќа Дан и Бредстрит" го намали кредитниот рејтинг на Србија која ја напушти групата на земји во кои се наоѓа Македонија, односно земји со умерен ризик, и северниот сосед го стави меѓу високоризичните земји. Од европските земји, во групата на високо ризични со Србија се Грција, Русија, Азербејџан, Грузија, Казахстан и Украина.

Во регионот и натаму најдобар рејтинг имаат Словенија и Хрватска кои им припаѓаат на земјите со благ ризик, а по нив следат Бугарија, Македонија, Романија, Албанија и Унгарија како земји со умерен ризик. Понизок ризик од Србија во регионот има само Босна и Херцеговина која е оценета како земја со многу голем ризик.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik